Македонија Топ вести

Нови учебници за првачињата и за учениците од 4-то одделение

Досегашните учебници не ги задоволуваа потребите на учениците за стекнување квалитетно знаење.Со реформите во основното образование, кои стартуваат од септември, учениците од 4 одделение ќе добијат дигитални учебници. Според новата наставна програма, тие ќе бидат нови учебници, кажа министерката за образование.

  • Старите учебници за новата програма нема да се применуваат. Тоа значи дека истите тие учебници кои што се дигитализираат, согласно програмата за 4 одделение , има повик за автори , ќе треба да се избере и да воспостават колаборативен учебник. Истите тие ќе бидат ставени во употреба од страна на училиштата, на дигиталните платформи – Мила Царовска- министерка за образование и наука.

Во текот на летото, училиштата ќе се снабдат со дигитални уреди за учениците од 4 одделение кои немаат дома, преку нив да ги добијат потребните учебници. Но, воведувањето дигитално образование во 4 одделение ја подели јавноста, а реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, 25 илјади ученици остануваат на милост и немилост на финансиската немоќ на родителите, а власта спроведува социјална поделба и дискриминација во земјава.

  • Образованието веќе нема да биде бесплатно , а социјалната нееднаквост меѓу учениците ќе се зголемува, со тоа и нерамноправноста и булингот. Без печатени учебници се врши нехуман експеримент врз идните генерации на Македонија и под превезот на модернизацијата, се спроведува разрушување на и онака кревкото образование – Игор Здравковски- ВМРО- ДПМНЕ.

Но , министерката Царовска рече дека секој дигитален учебник ќе може да биде испечатен и како таков да го користат учениците кои немаат дигитална опрема, дома. Таа најави дека според новата програма, од септември и првачињата ќе учат од нови учебници, но тие ќе бидат во печатена форма.А, за наставниците ќе се врши шестдневна обука, за новиот концепт на образование, за наставните програми и за оценувањето.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе