Македонија Топ вести

Заев: Со Шекеринска се договоривме дека треба да го возобновиме раководството

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ја почитува одлуката на Радмила Шекеринска да не се кандидира за трет мандат за заменик претседател на партијата. Смета дека на СДСМ му е потребно ново кадровско освежување а актуелната министерка за одбрана ќе има посебно место во општеството. Дали таа ќе биде новиот амбасадор во САД се уште не било разговарно.

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска вчера соопшти дека на општинската организација и кажала дека нема повторно да се кандидира за високата партиска функција на конгресот на 16 мај.

Смета дека и СДСМ и политичката сцена на Македонија одат напред кога постојано продуцираат нови кадри.Пристапот на конгресот бил да се се формулираат нови политики кои ќе бидат подобри.на 16 мај ќе се бираат и новите партиски органи,Централниот одбор кој ќе брои до 120 члена како и нови заменик претседатели кои лично ќе треба да ги предложи Заев.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе