Вести Македонија Најважни

Почина седумгодишно девојче во тетовската болница

Вчера на вториот ден од болничко лекување почина седумгодишно девојче во тетовската болница. Семејството преку социјалните медиуми изрази сомнеж за медицинска небрежност. Од болницата велат дека била направена рехидратација на одделението за педијатрија, по што имало потреба од интервенција од оториноларингологија.

Во саботата е примено на болничко лекување, а во неделата почина седумгодишно девојче од тетовски Челопек. Семејството и мештаните од Челопек преку социјалните мрежи изразуваат револт и сомнеж за медицинска небрежност.

„Во овој тежок момент, ги повикуваме надлежните органи, здравствените власти и правосудните органи внимателно и транспарентно да го испитаат секој аспект од овој случај, фокусирајќи се на можноста за небрежност од страна на лекарите. Да се погрижиме сите последици од недостаток на соодветна помош или неуспех во третманот да не останат незабележани и правдата да биде обезбедена“, пишуваат мештаните на Челопек .

Девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20 часот и 40 минути. Според информациите на Клиничка болница Тетово биле преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација

„Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“, изјави Ерзен Елези, директор на КБ Тетово.

Со цел целосна транспарентност и расветлување на причините за смртта, болницата побарала извршување на судско-медицинска обдукција, но според нив семејството одбило.

Од дирекцијата на Болницата велат дека се подготвени за соработка со надлежните институции за секое дополнително појаснување поврзано со овој случај.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе