Порталот Сакам да кажам објави дека во рамките на истрагата за случајот во кој еден од осомничените и од денеска во притвор во Шутка, е и поранешниот генерален секретар во владата, Драги Рашковски , била откриена една негова порака до четвртоосомничениот во која тој го советува да се изразува стручно. „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“, пишувало во пораката која СДК тврдат дека ја добиле од судско-обвинителски извори.
Освен тоа, порталот тврди дека претрес се вршел и на правниот факултет, бидејќи фирмата „Инвока“ ја користела и канцеларијата на Рашковски, кој во Владата дојде од Правниот факултет.
“Одземени биле компјутери на „Инвока“, но таму бил и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во јавноста имаше сомневања, главно од кандидатите за прием на Академијата кои отпаднааа при тестирањето дека не е возможно да се освои толкав висок процент со 100 проценти освоени бодови и се сомневаа дека некој ги продава шифрите со заштитените прашања за полагањето. Меѓу кандидатите што укажуваа на тоа се и истакнати долгогодишни волонтери, особено во Обвинителството, за кои обвинителите велат дека се „печени“ обвинители и дека во занаетот ги надминале дури и нив” –пишува СДМ.МК.
