По трагичната смрт на Росица и нејзиниот татко во Велес, Либерално-демократската партија денеска упати итен повик за законски измени со кои ќе се воведе електронска нараквица за следење на насилниците.
Од партијата нагласуваат дека електронската нараквица, според предлогот, би овозможила жртвата да биде алармирана доколку сторителот се приближи на помалку од 100 метри, со што значително би се зголемила нејзината безбедност.
Партијата ги повика сите пратеници, без разлика на политичката или етничката припадност, да поддржат системски решенија за заштита на жртвите и порачаа трагедијата на Росица да биде последна.

Македонија е првата држава во Западен Балкан што го криминализираше фемицидот, сепак црната статистика на жртви е алармантна. Последното убиство во Велес, сите настани до убиството јасно отсликуваат дека институционалните алки не функционираат, системот не е на првата линија на заштита. Кои се чекорите за вистинска системска акција, полициска заштита, ефикасно обвинителство, одговорни центри за… Продолжи со читање













