Вести Македонија Најважни

Полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево

Oд синоќа се спроведува и се уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина. Според неофицијлните информации меѓу приведените се и актуелен директор на подрачно одделение на  ЈП „Македонски шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена. Повеќе официјални информации од надлежните институции очекуваме во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Корупцијата почнала во Агенцијата која требало да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе