Вести Македонија Најважни

Увид во Трубарево по пожарот, продолжен притворот за осомничените

Увид на лице место по пожарот во објектот на Ф-групацијата за третирање на опасен отпад во Трубарево извршија обвинителството и МВР. Со заштитна опрема, надлежниот обвинител во друштво со експерти и екипи на МВР беа на локацијата, а се снимаше и фотографираше со дронови. Увидот треба да даде одговор за причините за пожарот и колку и каков отпад имало складирано на локацијата.

  • „Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата“, соопшти обвинителството. 

Имаше и противпожарна екипа, а од обвинителството додаваат дека се уште е стационирана, бидејќи на дел од локацијата и понатаму се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување.

Освен кога, како и зошто, обвинителството како главни докази во истрагата ќе ги има и наодите дали кобниот пожар ослободил во воздухот и почвата опасни и штетни материи. Институтот за јавно здравје од земените мостри појасни дека загадување во водите нема. Тој извештај го добил и премиерот, кој, пак, порача дека опасност за скопјани веќе нема. Под земја е затрупан и огнот на Дрисла.

  • „Оној во Трубарево и во Вардариште се целосно под контрола, а утрово ги добив и последните резултати од Институтот за јавно здравје. Сите параметри се во рамките на дозволеното. Така што мислам дека тој дел е затворен“, рече Мицкоски.

Се очекуваат и мерењата на акредитираната лабораторија „Амбикон“. Но, извесно е дека со оглед на металите кои гореа во Трубарево, според информациите кои ги доби Телма, во воздухот и почвата ќе се најдат од опасен батериски кадмиум, до сите алуминосиликати. Во колкави количини ќе покажат резултатите на лабораторијата кои ќе бидат соопштени во понеделник.

Кривичниот суд пак го продолжи притворот за четворицата осомничени. Диркеторката на Ф-групација, Лора Дамеска, нејзиниот татко Марјанчо Дамески, кој раководи со две фирми кои се поврзани со групацијата, Нула отпад и Ле ман, како и раководител и вработен во групацијата. Тие се товарат за загрозување на животната средина и природата со отпад.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе