Вести Македонија

ОЈО: Лукративни цели имала сопственичката на Диамед, Вера Иванова

Лукративни цели имала сопственичката на Дијамед, Вера Иванова која ја искористила лиценцата за центрите за дијализа за сопствено богатење. Вака тврди обвинителството, одбраната пак со спротивен став. Според обвинителството за организиран криминал и корупција трговското друштво Метрополитен во 2014 та година го потпишала договорот на тендерот за дијализа од Министерството за здравство и тоа на 20 години.

Целта на обвинетата не било да извршува здравствена дејност – дијализа, туку со здобивање на лиценца од 20 години, а со тоа и монополска положба на пазарот на овој вид здравствени услуги, да обезбеди повеќекратно зголемување на вредноста на уделот во правното лице.

 

Според обвинителстовто после само 1 година од лиценцата Иванова преговарала со шведската компанија Дијаверум за да ги продаде удели во МЕТРОПОЛИТЕН. Но за да ја избегне обврската за добивање согласност од Министерството уделот го пренела на МЕТРОПОЛИТЕН и покрај тоа што  Диамед бил носител на лиценцата. Со ова Министерството не можело да утврди дали шведската компанија ги исполнува истите тендерски услови. Вредноста на уделот од 3 700 евра пораснала на 11.560.000 евра за колку и го продала на шведската фирма со која во 2018 та го потпишала договорот за дијализа. За Давидовиќ пак ваквото обвинение е смешно бидејќи центрите за дијализа се уште работат, Фондот за здравство има договор и со шведската компанија, а сите вработени сведочат дека дијализата се одвивала.

Според Обвинителството Иванова парите ги пуштила во оптек и тоа 3.200.000 евра, на нејзина сметка во земјава и 8.300.000 евра, на сметка во банка во Монако. Адвокатот пак вели како може да се пуштени во оптег кога сметките се замрзнати, а поради тоа што обвинителството не и го доставило таквото решение државата е тужена во Стразбур. Иванова се гони за Злоупотреба на службената положба и перење пари. Интересно беше тоа што првично за истите 11 милиони евра СЈО побара прв притвор за екс директорот на УБК Сашо Мијалков мислејки дека тоа се негови пари од кои беа во банка Монако. Иванова пак се поврзуваше и со фирми на кумот на екс премиерот Никола Груевски со чиј фирми имаа седиште на иста адреса.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе