Пожар изби рано утрово во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во населбата Каменик.
Во сервисот имало автомобили, масло и запаливи материјали информираат надлежните.
Пожарот се разгорел околу 04 часот утрово, а интервенирале осум противпожарни возила од Дирекцијата за заштита и спасување.
Огнот бил целосно изгаснат околу 06 часот. Според надлежните, нема информации за повредени лица, а се трага за причините.
Очевидци пак за Телма изјавуваат дека откако го забележале огнот веднаш пријавиле во Противпожарна бригада и Дирекција за заштита и спасување.
Велат дека не виделе што го предизвикало пожарот но тврдат дека имало брза реакција на противпожарните служби.
На терен дошла и полицијата која извршила увид на местото и градоначалникот на Кисела вода.
Неофицијално на социјалните медиуми се тврди дека пожарот е намерно подметнат, а се шири и снимка на која се гледа како маскирано лице со запаллива течност полева неколку од автомобилите и ги пали.
Снимките според објавите се обезбедени од камери за видеонадзор.
Сепак надлежните треба да утврдат дали станува збор за веродостоен материјал и дали ќе постапува по овој случај.
