Вести Македонија Топ вести

Малолетна велешанка тепа своја врсничка, а други деца го снимаат настанот

Дванаесетгодишна велешанка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години, додека тоа и се јавувало на телефон на мајка и и барало помош. Други девојчиња наместо да му помогнат на нападнатото девојче го снимале вознемирувачкиот настан, а  видеото се шири на социјалните мрежи.

Случајот во полиција бил пригјавен вчера, а се случил 17-ти овој месец околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека пријавеното девојче за два дена злоставувало две малолетни двеојчиња, како и дека полицијата во соработка со Центарот за социјални работи работи на овој случај.

Тој, исто така, информира дека од граѓани било пријавено оти и наредниот ден – на 18 април околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес.

-Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете, појасни Додевски.

На видеото се гледа како 12-годишната малолетничка прво ја влече за рака врсничката, а потоа ја фаќа за коса, и ја удира со глава на земја. Нападнатото девојче телефонски ја повикува мајката на помош, која брзо доаѓа и успева да ја извлече.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе