Ракомет Спорт

ФОТО галерија: Ракометарките подготвени за достоен реванш против Романија

Македонската женска ракометна репрезентација го одржа претпоследниот тренинг пред реванш дуелот од баражот за пласман на Светското првенство против селекцијата на Романија што ќе се одигра в среда во Скопје.

Нашата селекција во првиот меч забележа пораз од 11 гола разлика, но во голем дел од натпреварот му пружи силен отпор на фаворизираниот противник.

Дуелот во Скопје в среда ќе биде уште можност нашите млади ракометарки да стекнат дополнително искуство што ќе биде неопходно за следните предизвици на оваа генерација, а тоа е настапот на Европскиот шампионат следната година во Скопје.

Натпреварот со Романките се игра в среда во СЦ Јане Сандански со почеток од 17 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе