Вести Култура Свет

Нов мурал на Банкси на зградата на Кралскиот суд во Лондон – два дена откако 900 лица беа уапсени на пропалестински протест

Нов мурал на најславниот уличен уметник во светот, Банкси, се појави на зградата на Кралскиот суд во Лондон. На последното дело на Бански е прикажан судија, облечен во традиционалната гардероба на британските судии, со чекан во раката како удира демонстрант чија крв го испрскала и плакатот кој го држи во раката.

Иако на плакатот не може да се прочита никаква порака или мотив за протестот, овој мурал се смета за коментар на забраната на владата на Обединетото Кралство на групата „Палестинска акција“. На протестот против оваа одлука кој се одржа во сабота во Лондон, повеќе од 900-тини лица беа уапсени.

Полицијата денеска веќе го покрила последното дело на Банкси со црна пластика и го оградила со две метални бариери.

Британските власти тврдат дека бидејќи Кралскиот суд во Лондон е објект од историско значење, изграден пред 143 години, муралот ќе биде отстранет.

Но, во времето на социјалните медиуми, пораката на Банкси, кој на својот профил на Инстаграм го сподели муралот со светската јавност, веќе се прошири низ целиот свет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе