Со претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија на Благоја Мицевски и изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“, вечерва ќе се отвори 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Во текот на шесте фестивалски денови публиката ќе има можност да погледне 12 претстави од четири земји.
Околу четириесет актери ќе се натпреваруваат за единствената награда на фестивалот – признанието за високи актерски достигнувања што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков.
