Спорт Фудбал

Сонот продолжува – Македонија чекори кон Светското првенство 2026

Македонската фудбалска репрезентација продолжува да го живее сонот за пласман на Светското првенство во 2026 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски вчера во Скопје го прегазија Лихтенштајн со убедливи 5-0 и се вратија на првото место на табелата во групата Ј. Следниот месец нè очекуваат два клучни натпревари кои можат директно да ја одредат нашата судбина.

Македонија уште еднаш покажа дека има тим способен за големи дострели во овие квалификации. Иако Лихтенштајн не е мерило за вистинскиот квалитет, радува начинот на кој нашите момци стигнаа до победата. Во минатото честопати имавме проблеми со противници од понизок ранг и знаевме да губиме бодови. Овојпат тоа не се случи.

Одигравме без потценување – професионално, дисциплинирано и максимално ангажирано. Секој од петте гола беше впечатлив: комбинација од индивидуални блесоци и тимски акции кои изгледаа изведени како на тренинг. Елмас, капитенот Барди и Чурлинов беа тие што ја најавија победата, а резервистите Ќамили и Станковски ги запечатија трите бодови.

Овој настап против Лихтенштајн носи важна самодоверба за претстојните дуели. На 10 октомври ја имаме најтешката задача – гостување кај Белгија, најголемиот фаворит во групата. По ремито 1-1 во Скопје, „црвените ѓаволи“ ќе сакаат одмазда, но Македонија низ годините повеќепати докажала дека може да биде фатална за големите – како против Германија во Дуизбург и Италија во Палермо. Веќе на 13 октомври во Скопје го пречекуваме Казахстан, а во последното коло на 18 ноември гостуваме кај Велс.

По пет одиграни кола, Македонија е лидер во групата Ј со 11 бодови – три победи и две ремија со гол-разлика 11-2. Белгија и Велс се веднаш зад нас со по 10 бодови, но Белгијците имаат натпревар помалку. Казахстан е четврти со три бода, а Лихтенштајн е последен без освоен бод.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе