Вести Македонија Најважни

25 провредени во вчерашниот пожар во Виница

Ден по пожарот во фабриката за кондиторски производи Макпрогрес Винчини се уште над погоните се крева чад. Пожарот е локализиран, а пожарникарите се уште се на терен, со цел да не се разгори огнот, на околните објекти. Телма и денеска беше на лице место, каде што синоќа гореа магицините и производствените погони 6,7 и 8 во  најголемата фабрика за производство на кондиторско-пекарски производи во источниот регион. Инаку во пожарот се повредени пожарникари, доброволци и вработени во фабриката Макпрогрес Винчини. Во Општата болница во Кочани се примени 25 повредени лица, од кои пет со изгореници, а останатите вдишале чад. Четворица од повредените со изгореници на стапалат и екстремитети се пожарникари. Штипскиот пожарникар симнувајќи се од кровната конструкција настапнал во растопен шеќер. Пожарникарските чизми останале во жешката смеса.

-Носеле комплетна заштитна опрема, еден од повредените е пожарникарот кој што при гаснење на пожарот се заглавил во смола, во еастпен шеќер каде што се заглавил со обувките, но со брза акција на неговите колеги, брзо е извлечен и во моментот е на болничко лекување. Сите се стабилни пациенти во добраљ општа здравствена состојба. И се надеваме дека наскоро ќе бидат пуштени на домашно лекување, изјави Катерина Паниќ-Мирчовска директор на Општа болница Кочани.

Осумина пациенти на возраст од 23 до 53 години меѓу кои и две жени се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје. Сите пациенти се вработени во фабриката Макпрогрес и направени им се сите испитувања.

-Дел од нив се третирани подолго време со кислородна терпија исто така имаат и медикаментозна терапија. Со тоа што сакам да нагласам дека и во медицинскиот центар во Кочани како дел од првата помош на пациентите им била ординирана медикаментозна терапија и обезбеддена кислородна поддршка. Според нашите првични клинички наоди, пациентите се во клинички стабилна состојба и се се уште задржани на клиниката за понатамошен третман и опсервација, вели за Телма доктор  Жанина Переска од  Клиниката  за токсикологија во Скопје.

Јавниот обвинител бил на терен, но увидот се уште не е започнат, затоа пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата. Според првичните информации во големата огнена стихија изгореа околу 5.000 метри квадратни од производствените погони.

-Има опожарено три погони, еден магацин, површина околу 5.000 метри квадратни. Има повредени пожарникари, доброволци и дел од вработените, изјави Миле Петков градоначалник на Виница. 

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари и доброволци од Виница, како и од останатите градови од регионот. Фабриката Макпрогрес е формирана пред 35 години, вработува над 500 лица. Извозно ориентирана компанија, над 70% од производи завршуваат на пазарите во над 50 земји низ светот. Материјалната штета е голема, којашто и дополнително ќе се утврдува.

Викторија Јованова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе