Вести Култура Македонија

Збогатена програмата на Центарот за култура во Струмица

Збогатената програма на Центарот за култура во Струмица ги мултиплицирала приходите и посетеноста на оваа институција. Директорот, Драган Маџиров вели дека неколкукратно им се зголемила продажбата на билети за претставите, како и посетеноста на изложбите и концертите. Верува дека причина е тоа што Центарот има голем број настани, а тоа е клучно за да се создаде навика кај граѓаните дека Центарот има репертоар кој вреди да се посетува.

Театарот, особено нашата инстититуција имаше проблеми, но еве се надмина и кога ќе имате редовен репертоар така знае и публиката дека секој ден нешто се случува тука. Доаѓаат да видат на нашите огласно табло, бидејки секоја недела има по пет до шест настани. Освен театар има и концерти, прикажуваме и филмови изложби, изјави Драган Маџиров-директор на НУЦК „Антон Панов“ .

За менаџментот на Центарот клучна промена е што институцијата се отвора кон младите и алтернативната сцена, им дава поддршка на независните проекти, што повторно резултира со зголмена посетеност и нова публика.

Ние како институција сме отворени за секоја добра иницијатива. Добро е што и веќе ги вклучивме младите и во „Пепелашка“ и во други проекти ни се вклучуваат средношколци од „Димитар Влахов“. Веќе тие се заљубија во театарот. Тие се дел од нашиот тим. Се надевам дека некој од нив ќе продолжи понатаму, додаде Маџиров.

Во театарските проекти покрај членовите на театарската екипа се ангажирани и младите дипломирани актери од Струмица, а се очекува тие наскоро да станат и дел од анасамблот, бидејќи неколку актери псоледниве години се пензионираа.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе