Uncategorized Вести Македонија Најважни

Mицкоски: Глодарите да завршат онаму каде што им е местото, позади решетки

По „Големото уво“ од доцните деведесетти и масовното прислушување во годините меѓу 2010 и 2016, Македонија се соочува со прашањето – дали пред неа се отвора нова шпионска афера?
Вечерва, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во времето на минатата власт биле следени не само тогашниот лидер на опозицијата, туку и бизнисмени и новинари.

„Очекувам овие глодари да завршат онаму каде што им е местото, позади решетки, еднаш засекогаш да се ставио крај на злоупотребата на ваквиот тип на агенции и ресурсите со кои тие располагаат “ потенцираше премиерот Христијан Мицкоски.

На свеченоста по повод годишнината на Агенцијата за национална безбедност, заедно со премиерот говореше и директорот на АНБ, Бојан Христовски. Тој потврди дека имало незаконски следења, но нагласи дека деталите остануваат под класифицирана ознака.

„Повеќе било фасада од реформирана институција. Тоа што се случувало внатре било да една помала група составувајќи ја од еден поранешен директор и помала група вработени и тоа како имаме индиции дека ја злоупотребиле својата службена положба. За истото е известено надлежното јавно обвинителство и повеќе детали за ова не би можел да споделам, се со висока квалификација и се сензитивни, и не би сакале да нарушиме некој законски процес и воедно да попречиме процес кој е или би бил отпочнат од јавното обвинителство“ рече Бојан Христовски, директор на АНБ.

Афера што потсетува на минатите сенки на прислушувањето повторно ја бранува јавноста – дали Македонија влегува во нов круг на скандали или конечно ќе добие вистина и одговорност?

Поранешниот директор на АНБ утре најави одговор за сите обвинувања

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе