Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се пласираа во осминафиналето на Ју-Ес Опен. Кај тенисерките Арина Сабаленка без проблеми ја мина третата рунда, но испаднаа две од топ 10-те фаворитки.
Ѓоковиќ го победи Камерон Нори во четири сетови со 6-4, 6-7, 6-2 и 6-3 за да е пласира по 16-ти пат во осминафиналето на американскиот грен слем. Со триумфот, српскиот тенисер го сруши и рекордот на Роџер Федерер за најмногу победи на тврда подлога на грен слем турнирите па сега неверојатни 192 победи.
Следен ривал на Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен ќе биде Јан Ленард Штруф од Германија, кој во три сета го елиминираше 17-тиот носител Франсес Тиафо.
Карлос Алкараз во три сета со 6-2, 6-4 и 6-0 го победи Лучијано Дардери. Шпанецот во осминафиналето ќе ги одмери силите со Артур Риндеркнеш, кој во француската пресметка беше подобар од Бенжаман Бонзи.
Пласман понатаму обезбедија и Тејлор Фриц, Томаш Махач, Јиржи Лехечка и Адријан Манарино и тоа откако неговиот ривал Бен Шелтон го предаде мечот поради повреда пред стартот на решавачкиот петти сет.
Кај тенисерките, првата фаворитка Арина Сабаленка ја победи Лејла Фернандез со 6-3 и 7-6. Во осминафиналето Белорусинката ќе ги одмери силите со Кристина Буска од Шпанија, која ја изненади Елис Мертенс во три сета. Грен слемот заврши за две фаворитки, петтата Мира Андреева, која загуби од Тејлор Таунзенд и седмата Јасмин Паолини, која пак беше поразена од Маркета Вондрушова.
Елена Рибакина ја прегази Ема Радукану со 6-1 и 6-2, а Џесика Пегула беше подобра од Викторија Азаренка со 6-1 и 7-5.
