Како се ближат локалните избори, така се вжештува изборната реторика. Кој – кому намигнувал, и какви отстапки бил подготвен да направи само за да влезе во Владата? Нови меѓупартиски препукувања на тема избори
Потпретседателот на ДУИ и кандидат за градоначалник Бујар Осмени тврди дека премиерот Мицкоски во исто време јавно ја напаѓа партијата и праќа пораки преку приватни канали за затоплување на односите по изборите. Од ВМРО – ДПМНЕ негираа а од коалицијата „ВРЕДИ“ велат дека тоа е само спин од Османи во недостаток на програма.
Османи тврди дека во моментов Алијансата предводена од ДУИ има убедливо водство во однос на „ВРЕДИ“ и го обвини Мицкоски дека сака да инсталира „свои“ Албанци во институциите, како некакви декоративни претставници без легитимитет.
„Има постојани пораки, контакти од ВМРО – ДПМНЕ до ДУИ за затоплување на односите иако во јавноста постојано се кажува спротивното се цел, се разбира, за изборна математика. Јас морам да бидам искрена бидејќи не можам веќе да ги слушам овие различни ставови, едно приватно едно јавно“, изјави Османи.
Меџити смета дека тезата на неговиот против кандидат Османи е обид за дефокус бидејќи ниту Османи ниту ДУИ имаат план, програма и идеји за претстројните локални избори.
„Немаат визија, немаат програма, доаѓаат од салони. Сака да се вади со некои скришни или кодирани пораки. Не му е прв пат. Имаше случаи и порано кога се повикуваше на јавувања и пораки кои никогаш не ги објасни или објави. Немаат визија и се повикуваат на Борел и Лајчак како божем Борел да знае каде е Чаир и каде е Скопје“, рече Меџити.
Од ВМРО – ДПМНЕ пак со одговор дека коалицирање со ДУИ нема да има и ги повторијата обвинувањата за криминал и корупција кај раководството на партијата.
„Да го потсетиме Бујар Османи дека првенците на ДУИ доставија бел лист хартија до ВМРО-ДПМНЕ на барања кои ќе ги исполнат само за да останат во Владата. И Македонците избираа партија со мнозинство, но ДУИ тоа никогаш не го почитуваше. Наместо почит кон народната волја, тие секогаш бараа спас кај СДС, со кои се најдоа во заедничкиот именител, криминалот и корупцијата“, стои во партиското соопштение.
Околу обвинувањата за финансиски малверзации при организацијата на самитот на ОБСЕ во Скопје, Османи кажа дека сите документи се доставени до антикорупциската комисија и Обвинителството од каде било вратено дека се е чисто, а договорот со компанијата „Еуровиа“ бил јавно достапен веќе една година на сајтот на Бирото за развој па затоа „ексклузивната вест“ е производ на партиската кујна во ВРМО – ДПМНЕ.
Премиерот Мицкоски и денес со пораки што да прават и како да се однесуваат опозициските партии по локалните избори на кои очекува неговата партија да има убедлива победа.
„Локалните избори, што и да правата, за нив се загубени. Таму ќе претстои процес на преструктуирање, внатрешна катарза, има ја препорачувам за да се ослободат од некои да кажам стари времиња и да станат конструктивна опозиција и да работиме заедно“, изјави Мицкоски.
Од СДСМ пак не одговорија на прозивките на Мицкоски и продолжија со обвинувањата дека Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ има погрешна економска политика поради која цените растат а платите стагнираат и дека за разлика од сите држави во соседството само во македонија нема никакви мерки за справување со поскапувањата и инфлацијата.
Огнен Чанчаревиќ
