Комисијата што ќе ги испитува операциите во Жан Митрев и Систина ќе мора да почне од поскапите операции, порача денеска првиот човек на Фондот за здравство Сашо Клековски.. Ги повика пациентите кои се соочиле со операции за кои сметаат дека не биле оправдани веднаш да ги пријават.. Само во изминатите три години Фондот исплатил над 50 милиони евра на двете болници за кардио операции..
„Многу би ја олеснила работата на комисијата ако имаме одредени претставки, меѓутоа ние мора да направиме и слепа проба чим се отвори расправата пошто слепата проба ќе ни одговори колку е масовна таа појава. Затоа што овде не е важно дали има случаи туку колку ги има така да надвор преставките “, вели Сашо Клековски директор на ФЗОМ.
Клековски рече дека и досега се вршеле контроли.. Исклучи дека можело да има манипулации со цените зошто ценовникот е ист и за приватните и за државната кардиохирургија, но останува комисјата да утври дали се правеле интеренции за кои немало потреба..
„Фондот и здравството не се село без кучиња. Сите поголеми здравствени установи се контролираат еднаш годишно во редовна контрола, а се постапува по претставки редовно, значи колку претставки има толку пати постапуваме. Конкретно и во Жан митрев и во систина сите овие години сме имале контроли“, вели Сашо Клековски директор на ФЗОМ
Граѓаните да пријавуваат, а податоците ќе бидат доверливи, порача денеска и министерот Алиу. Во меѓувреме се комплетираше домашната, а се чека и на финализирање на странската комисија која треба да утврди дали имало евентуални пропусти во приватните болници. Случајот за можни тешки злоупотреби и криминал со здравјето на пациентите го отвори кардиологот Сашко Кедев, кој пред неколку дена рече дека приватни болници отварале гради и вршеле операции на срце, ставале стентови, само за да ги земат фондовските пари за вакви операции.. Систина најави тужба за Кедев, од „Жан Митрев“ досега не се огласија.
Симона Петровска
