Спорт Фудбал

Гоце Седлоски седна на клупата на Шкупи

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Гоце Седлоски од денеска е нов тренер на прволигашот Шкупи. Тој се враќа во домашниот фудбал по пауза од неколку години интернационална кариера.

Седлоски потпиша едногодишен договор со „чаирчани“ со можност истиот да биде продолжен на подолго, што секако ќе зависи од постигнатите резултати. Легендарниот македонски фудбалер последен пат работеше во домашното првенство во таборот на Вардар од 2015 до 2017 со кого освои две шампионски титули. Беше тренер и на Хоризонт Турново, а изминативе три години работеше во странство. Работеше во летонскиот тим Рига, потоа во Широки Брег од Босна и Херцеговина, а неговиот последен ангажман беше во вториот тим на Динамо Загреб, каде мина најголем дел од играчката кариера.

Шкупи сезонава е втор на табелата со 49 бодови, но поради лошата форма во пролетниот дел од сезоната, Шкендија направи предност од 13 бодови на врвот. Токму затоа раководството на Шкупи реши да му врачи отказ на претходниот тренер Хасан Озер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе