Кошарка Спорт

МЗТ Скопје промовираше три американски засилувања за новата сезона

МЗТ Скопје вчера го продолжи договорот со тренерот Васко Атанасов, а денеска ги соопшти имињата на трите странски засилувања, сите од САД.

Нови играчи на македонскиот шампион се Грегори Џонсон, Елајџа Мекејден и Чарлс „Ел Џи“ Гил. Џонсон има 25 години и игра на позицијата ниско крило и по универзитетската кариера во Истерн Њу Мексико, лани настапуваше во австриски Грац. Мекејден е беш шутер и исто така има 25 години веќе неколку сезони настапува во Европа во тимови од Португалија и Полска. Американската тројка ја заокружува искусниот 30-годишен центар, кој минатата сезона настапувал во Лимасол на Кипар, како и на Косово, а во кариерата има настапувано во НЦАА и Џи-лигата во САД.

Од таборот на МЗТ велат дека наскоро ќе бидат соопштени и имињата на домашните играчи кои ќе му бидат на располагање на тренерот Атанасов во новата сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе