Манчестер јунајтед е во преговори со Антверпен за голманот Сене Ламенс. Се работи за 23-годишен чувар на мрежата, кој играл за сите младински категории на белгиската репрезентација.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим нема да смета на Андреј Онана сезонава откако во првото коло му даде шанса на Алтај Бајиндир на голот. Деновите на Онана се избројани на „Олд Трафорд“ особено, бидејќи Камерунецот изминатите две сезони не покажа ништо за да ги оправда вложените 50 милиони евра во неговиот трансфер од Интер.
Јунајтед е подготвен да плати 25 милиони евра обештетување за Ламенс за кого има интерес и од неколку клубови од Франција и Италија.
