Вести Македонија Најважни

Ивановска во обвинителството одговори на обвинувањата од кривчната пријава

Кривичната пријава  за која поранешната претседателка на антикорупцсика Билјана Ивановска дозна денот кога најави дека ќе се вклучи во изборната трка,  е за несовесно работење. Кој ја поднел пријавата не откри, за да влијае на предистрагата.

За подносителот спорен бил начниот на кој  Антикoрупциска го отвориле конкретниот предмет поврзан со него и информациите што биле споделени со јавноста. Ова Ивановска го соопшти откако излезе од обивнителството каде се задржа еден околу еден час заедно со нејзиниот адвокат , поранешниот  антикорупционер Малиновски.

На обвинителката и ги објаснила процедурите,  како Комисија ги отврала предметите и како постпаувале.

„Во конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива и тоа иницијатива на член на Комисијата. Предметот се работел и на крај завршил без некакви наоди. Постапката е завршена без никакви сомнежи, но она што било спорно за прикажувачот е начинот на кој ние сме комуницирале со јавноста, а вие знаете дека бевме премногу транспарентни. Ми беше посочено да не споделувам, ќе излезе брзо одлуката, кога ќе ми биде доставена ќе го споделам и тој момент за да не попречувам во процедурата сега“ вели Билјана Ивановска,  поранешна претседатлека на ДКСК.

Дали тајмнигот на поканата 11 часа по објавената кандидатура е притисок врз неа?  Ивановска вели дека мислењето на јавноста за ефикасноста на Обвинителството  остава простор за сомнеж и праша дали сите покани што обвинителството ги испратило на 25 јули биле доставени на 14 август и тоа од страна на полиција

„Мислењето на јавноста за ефикасноста на јавнот обвинителство е такво, какво што е и тоа остава простори за сомнежи, не кај мене, туку општо кај граѓанството. Тоа е општо мислење . Ако јавното обвинителство постапувало ревносно и за кратко време ги доставувало пријавите кај што треба, тогаш никој немало да се посомнева зошто сега зошто утре или задутре . Оттука произлегуваат сомнежите“ додава Ивановска.

Кривчната пријава била само против  Ивановска затоа што таа како претседателка била потпишана на одлуката која била донесена со мнозинство.

Од ОЈО Скопје минатата недела рекоа дека постапувале по приватна кривична пријава од 18 февруари годинава, а поканата ја испратиле на 25 јули и сметаат дека не треба  да се поврзаува со нејзините политички активности. Обвинителката  одлучила поканата на Ивановска да и ја достави преку полиција, што според обвинителството, е честа пракса поради проблемите со редовната пошта.

Eлена Ивановска Мукоска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе