Ќе се градат ли висококатниците кај Холидеј ин или ќе победи апелот на јавноста да не се бетонизира последното слободно парче во срцето на градот?! На чекор пред истекот на рокот во кој мора или да издаде дозвола за градење или да ги врати уплатените 2,5 милиони евра за комуналии, Богдановиќ прашањето за плацевите спроти Холидеј ин го стави на маса пред советниците на Центар.
Тој утринава се сретнал со министерот за транспорт Бочварски, но се уште не се знае дали ќе побара суспензија на спорниот ДУП. Нема одговор од Богдановиќ дали и ако не зошто до сега не е доставен елаборат за суспензија на ДУП-от до министерствто за транспот. Бочварски потврди дека не добил елаборат од Центар. Тој топката ја префрли кај Богдановиќ и чека што ќе одлучат. Кажа дека нема ингеренции и не се меша во туѓи работи.
Инвеститотот МГ Фешн вчера го презентираше идејниот проект но само за ене од плацевите каде треба да се изградат три висококатници од 16, 20 и 22 метри квадратни. Но две шеесеткатници се уште остануваат впишани во Деталниот урбанистички план кој во моментов е на важност со одлуката за поништување на мораториумот за градба на Уставен суд.
Инвеститорот најави дека на едната парцела ќе има четиристотини станови, во трите згради ќе живеат 1200 жители и ќе има доволно зеленило. Но, останануваат уште три парцели. А на нив се всушност и најголем дел од граѓаните кои имаат куќи таму. Дел од нив денеска се изјаснија дека се за градба на висококатниците иако се свесни дека за сега тие не добиваат ништо.
29 граѓански организации, архитекти и универзитетски професори пак побараа од премиерот Заев и останати институции да ја поддржат иницијативата за суспензија на деталните урбанистички планови како и овој каде инвеститорот веќе планира да гради.
И додека надлежните си ја префрлаат топката, и одлучуваат во пет до 12, граѓаните негодуваат и собираат потписи да се спречи изградбата на висококатниците. На петицијата „не“ за бетонски чудовишта спроти „Холидеј ин“ за кратко време потпис ставија над 9.000 граѓани.
Александра Филиповска