Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски утрово имал состанок со градоначалникот на општина центар Саша Богдановиќ, на кој разговарале за проблемот со спорниот плац кај Холидеј Ин. Општина Центар денеска има седница на која ќе одлучи дали ќе се повика на членот 23 од законот за урбанизам според кој, тој овомзожѕва да се суспендира урбанистички план во траење од шест до 12 месеци. Од општина Центар засега немаат официјален став дали ќе има суспензија на дупот или изградбата на висококатниците ќе може да почне.
Бочварски чека од општина Центар да го реши проблемот со спорниот плац кај Холидеј Ин
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.