Вести Македонија Најважни

200.000 кинески вакцини ќе стигнат на 28-ми април

Во салата Борис Трајковски продолжува имунизацијата против ковид 19. За денеска се закажани лицата помлади од 75 години. Интересот е голем вели министерот Филипче, но на вакцини ќе се чека. 200-те илјади кинески вакцини ќе стигнат на 28 април, рече министерот, со што вакцинацијата ќе продолжи и во другите градови, не само во Скопје.

Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека ако има потреба мерките можат да се продолжат или да се модифицираат.

-Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство.

Тој истакна дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе