Македонија Најважни

Драги Рашковски си поднесе оставка, Заев ја прифати

Драги Рашковски си замина од Илинденска со полн кофер проблематични постапки кои за  јавноста се скандали. Оставката ја поднел со писмо од завчера, премиерот Заев, како што објави Фокус,  ја прифатил оставката на поранешниот генсек на владата, а до денеска секретар на оддел во премиерскиот кабинет. Оставката доаѓа откако новинарите окрија и ново купена парцела и нов џип, а Рашковски ја почнува со самосмислен цитат „Кога политиката (политиканството) ќе станат погласни од природните науки тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката“. Тврди правел се за поефикасна работа на генералниот секретаријат, а по падот поради од него прво креиран, па после од него купен софтвер со народни 81 илјада евра вели дека е испробан успешно и докажал дека со сејф сити камерите можел да спасува животи.

Соопштение на Драги Рашковски за оставката: Ќе остане горчината дека и преку теоретската анализа на 40 страници и преку практичното проверување на истата, сме покажале, докажале и практично потврдиле дека во иднина со решението кое толку е коментирано во јавноста, секој втор живот кој ќе згасне на патиштата може, и има како да биде спасен. Може да ја искорениме „асфалтната чума“.

Иноватор, професор на скопскиот правен факултет, со два докторати и машински факултет- но и со случаите леонардо за обнова на македонската навигација, нереализираното јавно-приватно партнерство за итна хеликоптерска САР-ХЕМС помош, и последните турбуленции со софвтверот, одморот во Мексико и растот на неговиот имот движен и недвижен имот, Рашковски нема да биде во власта но ќе остане на радарот и на антикорупциската комисија која за него води три постапки и во јавното обвинителство за организиран криминал за набавката на софтвер за кој МВР тврди дека не им требал. Опозицијата не ја гледа оставката како одговорност.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност. Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара. Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат.

Од антикорупциска потврдија дека постапките ќе продолжат затоа што станува збор за работи кои Рашковски ги правел како функционер, но уште еднаш потсетија дека мора да се донесе закон за потекло на имот и да се избегне функционерите после кариерата во власт да почнат да го товарат богатството без некој да може да ги провери.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе