Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фитнес клуб во Скопје работел и покрај забраната

/

Македонија

Сподели преку :

МВР информира дека вчера, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Jumbo 2