Вести Македонија

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски.

Како што кажа претходно адвокатот на Лозановска  по разговорот ќе побараат со полициска придружба да се направи увид во училиштето, зашто како што вели имале информации дека пред претресот во домот на Лозановска некој провалил во училишните простории.

На 8 август вечерта, полицијата направи претрес во домот на Лозановска барајќи го печатот од училиштето каде таа била директорка. Иако беше на боледување, полицискиот началник вечерта  рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор иако имаше налог само за претрес, а не и за нејзино лишување од слобода. Од МВР покренаа дисциплинска постапка против началникот. Инаку неколку денови претходно градоначалникот на Демир Хисар ја разрешил Лозановска, како што рече по налог на Просветниот инспекторат поради неправилности во работењето.

Фото: Телма

МВР ќе го разреши началникот на ОВР Демир Хисар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе