Додека МВР и специјалните единици интензивно го пребаруваат Тетово и околината во потрага по напаѓачите, дежурните хирурзи на Клиничкиот центар се во операционите сали. Еден од повредените се бори за живот и е во критична состојба.
Во Детската хирургија се оперира и ранетото малолетно девојче, кое е меѓу повредените во инцидентот. Лекарите вложуваат максимални напори за спасување на животите на сите повредени.
Деталите за повредите и текот на операциите ги соопшти доктор Игор Мерџановски од торакалната хирургија во изјава за Телма телевизија.

Со рафали од автоматска пушка денеска е убиен маж во Тетово, а неколку лица се повредени, меѓу кои и 13-годишно девојче. Убиството се случило во претсрелка која се одвивала по тетовските улици. Од снимките од местото на убиството се гледа дека авотмобилот марка „фолксфаген голф“’, во кој е пронајдено лице со прострелни рани, се наоѓа… Продолжи со читање













