Вести Македонија Топ вести

До пет илјади евра да чини лекувањето на ковид болните во приватните клиники

305 илјади денари или пет илјади евра е највисоката сума која ќе треба да ја плати пациент заболен од Ковид -19 кој се лекувал во некоја од приватните клиники предвидуваат законските измени кои денеска минаа на седница на Владата.

Апелите на граѓаните и притисокот на јавноста за правилата кои ги наментаа приватните клиники „Систина“ и „Жан Митрев“  според кои пациентите мораа авансно да уплатат 10 или 12 илјади евра за да бидат хоспитализирани и плаќаа суми од илјада до 1.500 евра на ден за лекување го принудија министерот Филипче да одржи состанок со претставниците на клиникте кој заврши речиси неуспешно. „Систина“ одби да ги намали цените поради економнска неисплатливост а „Жан Митрев“ се согласи на 10 отсто попуст.

Приватните клиники засега без коментар.

Од Жан Митрев соопштија дека ќе излезат со официјален став откако ќе ги анализиреат измените и додаваат дека тие веќе за половина ја намалиле цената на хоспитализација.

Следна дестинација на измените е Собранието каде што пратениците ќе треба да ги изгласаат. Од Собранието засега нема најава кога би се нашле на дневен ред пред пратениците.

Минстерот Венко Филипче со апел до пратениците да го поддржат намалувањето на цените.

„ Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулацијАа на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“

Како проблем остануваат цените на услугите на приватните лаборатории бидејќи голем број на граѓани во недостиг на термини или итност се тестираат токму кај нив.Речиси половина од над 650 илјади тестови за Ковид -19 се направени токму во приватните лаборатории а голем број на граѓани прават дополнителни тестирања кај нив бидејќи во јавното здравство мора да чекаат со денови или недели.

Министерот Филипче соопшти дека повторно има зголемување на притисокот врз Ковид центрите а според официјалните инфромации во моментов хоспитализирани се 1.768 пациенти а задрсвтените капацитет располагаат со уште 340 слободни кревети во Скопје и внатрешноста.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повредените од пожарот во „Пулс“ без соодветни услови во Кочанската болница – семејствата бараат итна помош

Дејан Дејан

Зошто Македонија остана еден час без струја?

Дејан Дејан

Кој работи „ќе остане“: Мицкоски најави промени и во Влада и во партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе