Вести Наука и здравје Свет

Откриени „темни комети“ во Сончевиот Систем

Научниците открија нова и мистериозна класа на објекти во Сончевиот Систем, наречени „темни комети“. Овие вселенски карпи изгледаат како астероиди, но се движат како комети – забрзуваат на неочекуван начин, иако не испуштаат гасови или прашина како типичните комети.

Досега се откриени 14 вакви објекти, а нивното однесување останува неразјаснето.

Јапонската сонда „Хајабуса2“ е на пат кон еден од овие објекти – темната комета „1998 KY26“, пишува „Би – Би – СИ“. Иако мисијата првично не била планирана за оваа цел, оваа случајна можност ќе ѝ овозможи на науката првпат одблиску да го истражи овој феномен.

Сондата ќе пристигне до целта во 2031 година и може да го анализира составот и можната внатрешна активност на темната комета.

Темните комети се особено важни затоа што можеби носат одговори за тоа како водата стигнала на Земјата. Но тие исто така претставуваат потенцијална закана – поради нивната неочекувана промена на движењето, тешко се следат и предвидуваат.

Научниците сега бараат начини за подобро следење на овие објекти за да ја заштитат планетата од можни идни судири.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе