Од Министерството за здравство не даваат детали дали се врши контрола во двете фабрики за канабис кои беа спомнати во соопштнеието на МВР по акцијата на Плетвар и заплена на 200 килограми марихуана. Тврдат дека постапуваат по сите наредби на обвинителството.
-Во Член 29Б, став 7 од Закон за контрола на опојни дроги, е регулирана надлежноста на Комисијата за утврдување на исполнетост на условите за издавање на одобрение за одгледување на канабис. Министерството за здравство овој пат, како и секогаш стои на располагање и постапува по насоките и наредбите на Јавното обвинителство. Доколку се констатираат неправилности МЗ ќе и предложи на Владата на фирмите да им бидат одземени лиценците, ни одговорија од Здравство.
Обвинителството пка не потврдува официјално дали марихуана потекнува од лиценцирани фабрики за канабис.
-Со оглед на сензитивноста на предметот и тајноста на истрагата, ОЈО ГОКК во моментов во интерес на постапката не може да сподели повеќе детали. Надлежниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расчистување на случајот и за евентуално проширување на истражната постапка и врз други инволвирани лица., одговорија од ЈОРМ.
Во петокот попладне беа уапсени 6-мина меѓу кои и началник на полициската станица во Прилеп како дел од нарко-конвојот на Плетвар. Сите се во притвор.
Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ смета дека виновниците се блиски на власта и прашуваат дали комбето со грчки таблички припаѓа на фирма која е поврзана со фирма на семејството на премиерот Заев.
Миомир Серафиновиќ