Македонија Топ вести

Средба на Заев со претседателите на опозициските албански партии, Села и Гаши

Во Собранието денеска се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

На средбата треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за Радио Слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добива државјанство, туку со документ, со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Северна Македонија.

Меѓу документите кои се предвидува да важат како доказ се ученичките и здравствените книшки, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Северна Македонија. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Пред две недели, премиерот Заев заедно со неколкумина министри се сретна со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи и со неговата заменичка во врска со законот за државјанство, кој беше причина за блокада на дваесетина закони во Парламентот. Тогаш и Заев и Реџепи рекоа дека има оптимизам за решавање на оваа прашање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе