Вести Македонија Најважни

Државата со дронови и камери ќе се бори против пожарите

Владата подготвува системски измени за превенција од пожари. За ова бил информиран Совет за безбедност на денешниот состанок, при што претседателката Гордана Сиљановска Давкова по седницата информираше дека меѓу мерките е предвидено и измени на Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување, но и за ангажирање на волонтери, како и измени на казнената политика за подметнување пожар.

„Систем на превенција преку којшто со помош на камери, па дури и дронови, точно би се лоцирале опасности, па и извршителите.Денеска исто така беше предложен и еден нов проект, современ интегрален информативен систем за временски непогоди кај нас“, информираше претседателката.

Претседателката информираше дека меѓу мерките засега не се разговарало за законски измени со кои би било забрането користење на опожарено подрачје за одреден временски период, што според неа се покажало како ефикасна мерка во други држави за намалување на пожарите.

На вториот состанок на Советот за безбедност се разговарало и за безбедносните дилеми поврзани со случувањата на Блискиот Исток и импликациите врз земјава и регионот, од службите задолжени за безбедноста во земјава било информирано дека безбедноста во Македонија е стабилна и под контрола.

Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарките прашања за барањето од СДСМ упатено до неа, да не ги потпишува указите за законите за полиција и МВР, кои според нив овозможуваат огромни дискрециски права на министерот за внатрешни работи за именување на високи раководни позиции, менување на условите за напредување во службата, како и бришење на членот со кој полицаец и по одлежани повеќе од шест месеци затвор за сторено кривично дело може да се врати на работа, што досега не било случај, рече дека ќе го каже својот став откако ќе го разгледа законот.

„Знам за нивното барање, го добив законот, ќе го прочитам и доколку е тоа така, секако ќе размислам за потпишувањето“, рече претседателката.

Една од темите на дво ипол часовниот состанок на Советот за безбедност бил и евроинтегративниот пат на земјава, при што било констатирано дека е клучно таа да се држи до копенхашките критериуми, а како клучен тест за сите е владеењето на правото и законските измени кои треба да го подобрат тој сегмент.

Советот за безбедност побарал поголема ангажираност и активност на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања во процедурите поврзани со законската регулатива поврзана со ЕУ, но и анализа на состојбата со евроинтегративниот пат и да може побрзо да се одговара на забелешките кои стигаат од Брисел.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе