Вести Македонија

Спас за објектот на Поштата

Зградата на централната пошта во Скопје, симболот на една ера на љубовта кон уметноста и културата, кој денес е една тажна слика се вброи во листата на Европа Ностра  на седумте најзагрозени споменици и локалитети со културно наследство во Европа за 2021 година.

Избраните седум најзагрозени локалитети добиваат грант за наследство од Европската инвестициона банка и нејзиниот институт  до 10.000 евра по локалитет. Висината можеме да ја толкуваме како симболична, но за нас е многу важна, затоа што вчерашниот избор е најдобрата апликација кон европските фондови.

Скопскиот Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергија ја номинираше Зградата на централната пошта  за влез на листата на седумте загорезени споменци кои ќе добијат експертска помош, совети за мобилизација и меѓународна помош за идни активности.

Значењето што се наоѓаме на оваа листа е тоа што понатаму со оваа референца ќе бидат отворени останати европски фондови на кои ќе можеме да аплицираме за да може овој објект да се реставрира, конзервира и воопшто да се обнови.

 

Се надеваме дека ова културно наследство, од исклучителна важност, овој смел симбол на повторното раѓање на градот после земјотресот ќе се роди по втор пат. Меѓутоа сето ова зависи од нас и сето ова зависи од тоа колку акција ќе преземеме, затоа што тоа го должиме на нашите родители и идните генерации.

Моќната структура на објектот, дело на познатиот македонски и југословенски архитект Јанко Константинов е финализирана во 1974, во форма на лотосов цвет за да ја симболизира реконструкцијата на Скопје по силниот земјотрес во 1963 година. Во огромниот пожар во 2013 та година најмногу настрадаа куполата и фреските од Борко Лазески, специјално дизајнираниот мебел и осветлување на објектот беа целосно уништени и претрпеа сериозна штета.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво забелешки од Венецијанската комисија, па гласање на законот за правична застапеност

Дејан Дејан

Во трка за упис во гимназија – учениците полагаа приемен испит

Дејан Дејан

Засега без „модерен“ јазик – АФЕТ го усвои првиот Извештај за Македонија по 2022 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе