Вести Македонија Најважни

Претреси во фирмата поврзана со набавката на софтверот на Рашковски

Со претреси на повеќе локации, обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја продолжи предистражната постапка за софтверот креиран од екс-генералниот секретар на владата Драги Рашковски кој потоа сам ја потпишал набавката за истиот софтвер.

Од обвинителството за Телма потврдија дека се прават претреси во седиштето на фирмата Инвока, во објект поврзан со сопственикот на фирмата. Демантираат дека претес се врши и во домот на поранешниот генерален секретар на владата Рашковски, кој во моментот е советник на премиерот Заев.

Предметот е објавен поради набавка на софтвер за 81 илјада евра, а набавениот софтвер требало да се користи за безбедност во сообраќајот преку камерите на полицискиот систем Сејф сити. МВР пак се изјасни дека ниту било информирано за набавката ниту пак барало набавка на софтвер. Подоцна се утврди дека Рашковски ја реализирал набавката неколку дена пред ланските избори, а всушност набавил софтвер кој самиот го заштитил како сопствен патент и идеја. Среде аферата тој замина на одмор во Мексико со семејството, а по враќањето предминатата недела се интензивираше и истрагата за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе