Вести Македонија Најважни

Во Берово нема кој да вакцинира – во новиот бран од ковид не се поштедени и докторите

Корона жаришта стануваат општините од крајниот исток. Во туристичко Берово забележани се 140 активни случаи, досега се заразиле 929, а оздравени се 789 пациенти, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. Досега битката ја загубиле 28 жители.
Повторното ширење на вирусот низ беровскиот крај се должи на недисциплината и непочитувањето на мерките, вели за Телма градоначалникот Звонко Пекевски.
Токму и поради новите случаи на заразени и изолиран медицински кадар во Здравствениот дом во Берово не се имунизира населението над 77 години со вакцината Астра Зенека. Матичните лекари им закажуваат вакцинација на пунктовите во Пехчево и во Виница.
Директорката на делчевскиот Здравствен дом, Марија Глигоровска за Телма вели дека до пред две недели имале затишје, но деновиве повторно се појавуваат нови случаи, а карактеристично е и тоа што пациентите се во тешка состојба.

Понекогаш имаме бран на поголем број на заразени, а пациентите болеста ја поминуваат полесно, но овие денови имаме пациенти, кои се со потешка клиничка слика. Имаме добра координација со ковид центрите во Кочани и Штип, каде што се хоспиталиизраат нашите пациенти, доколку нема слободни места и во зависност од состојбата се испраќаат веднаш во Скопје, вели Глигоровска.

Во штипскиот ковид центра изминатите 24 часа битката ја загубија двајца пациенти од Штип на возраст од 57 и 88 години.Во овој центар биолнички третман добиваат 90, а од нив 51 пациент е на постојана кислородна поддршка.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе