Во јавниот сектор е намален бројот на вработувања за 1.717 во 2020, во однос на 2019 година, а во органите на државната власт намалувањето е за %, рече министерот за Информатичко општество и администрација, презентирајќи го извештајот за вработувањата во јавниот сектор од минатата година. Најмногу нови вработувања има во здравството и во социјалната и детската заштита рече министерот Шаќири, без да ја прецизира бројката.
Намалени се вработувањата во јавниот сектор за 1717 вработени во 2020, во однос на 2019 година, рече министерот за информатичко општество и администрација.
- Во споредба со 2019, минатата година бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 1717 вработени. А, намалувањето во органите на државната власт во 2019 било 16522 лица, а во 2020 15945, што е намалување за 577 вработувања или 3%, кажа министерот Јетон Шаќири.
Според Шаќири, од вкупниот број вработени во јавниот сектор до крајот на 2020 година, кој изнесува 131183 лица, најмногу вработувања се во образованието- 32%, потоа во здравството- 19%, во Управата- 14%, во јавните претпријатија- 9, 6% и во детската и социјалната заштита -6, 8%.Во овој сектор и во здравството , како два клучни, има најмногу нововработени, рече министерот, без да каже прецизна бројка.
- Тоа илустрира дека новите вработувања се прават онаму каде што за тоа има вистинска потреба, рече министерот Шаќири.
54, 83% од вработените се жени, а 45,17% се мажи, со просечна старост од 46 години. 53, 62% вработени во јавниот сектор имаат високо образование, а 12, 2 % се вработени во органите на државната управа.Во тек се разговори со директорот на Пазарниот инспекторат за трансфер на дел од „рамковно вработените“ преку Министерството за политички систем во таа институција, кажа министерот за информатичко општество и администрација.
Сотир Трајков
