Над 300 илјади вакцини од различни производители ќе пристигнат во земјава до крајот на месецов. Заради масовната вакцинација се размислува да се отворат нови вакцинални пунктови и да формираат два посебни штаба во кои ќе бидат вклучени дел од министрите и државните институции со цел подобро да се организира целиот процес на имунизација.
За 20 дена ќе пристигнат нови 300 илјади вакцини. 200 илјади се кинески , 20 до 25 илјади се од Ковакс системот , ќе пристигнат и одредени количини од Спутник В и Фајзер.Се размислува за отворање на нови вакцинални пунктови доколку максимално се искористат капацитетите на постојните.Може да се користат други спортски сали или пак вакцинирањето да се врши на отворено.Владата размислува да формира два посебни штаба.Во едниот ќе учествуваат министерите за здраство,за надворешни работи, за одбрана и за европски прашања за поефикасно транспортирање и прифаќање на вакцините кои се нарачани , додека во вториот штаб ќе бидат вклучени МВР, Центарот за управивање со кризи и други институции за подобра организација на процесот на вакцинација. Премиерот Заев вели дека не може да се бара одговорност за недостигот на вакцини затоа што со овој проблем не се соочува само нашата земја.
Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин очекува руската страна целосно да го испочитува договорот за испорака на вакцините Спутник.
И додека здраствените капацитети се исполнети до максимум, дел од приватните клиники излегоа во пресрет на граѓаните намалувајќи ги цените на услугите.Болницата ,, Жан Митрев,, соопшти дека ја намалува цената на лекување од 12 000 на 6000 евра за полуинтензивна нега. За 50% се намалени и услугите на магнетна резонанца на срце и компјутерска томографија на бели дробобови.Наспоти ова речиси сите лаборатории ги зголемија цените на испитување антитела откако се зголеми интересот на граѓаните да направат проверка непосредно пред примањето вакцина.
Јулијана Пешевска