Ковид19 Македонија Најважни

Починаа петмина штипјани, во штипскиот затвор седум позитивни на Ковид – 19

Штип го има најцрниот ден од почетокот на пандемијата. Во ковид центарот починаа петмина штипјани. Најмладиот има 48, а највозрасниот е на 79 годишна возраст. Во центарот хоспитализирани се 86, а 45 се зависни од кислород. Директотот на болница, Ален Ѓеорѓијев најави дека поради големата потрошувачка на кислород, од Управниот одбор денеска ќе побара за итна набавка на резервоар, кој ќе го реши проблемот со боците.

Деновиве и во штипскиот Затвор се шири корона вирусот. Двајца вработени и петмина осуденици се позитивни на Ковид-19. Дознаваме дека меѓу петмината осуденици се и Митко Чавков поранешен директор на Бирото за јавна безбедност и и Митко Пешов поранешен началник на специјалните полициски сили. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров сепак не открива кој се осудениците, поради заштита на нивниот идентитет. Заразените се изолирани во две посебни простории и им се следи состојбата.

Ова е втор бран во штипскиот Затвор меѓу осудентите лица и со најновите бројки досега се заразени вкупно седумина затвореници, а од вработените заразата ја поминале 15. Тодоров забележува дека од почетокот на пандемијата, па досега ги почитуваат мерките и протоколите и се прави дезинфекција на сите простории.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помина извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

СДСМ: „Најлошото допрва доаѓа“

Дејан Дејан

Мицкоски: Економијата е главен приоритет на оваа влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе