Најсмртоносен ден во Македонија од почетокот на пандемијата Ковид -19. Во дневниот извештај на Министерството за здравство се наведува дека вкупно 51 човек го загубиле животот од опасниот вирус.
Најмногу жртви, 20 се од Скопје. Починати се и по 5 жители на Прилеп и Струмица, како и по тројца Кумановчани и Кочанчани. Живот го загубиле и по двајца граѓани од Тетово, Гостивар, Кавадарци и Охрид. По еден починат има и во Битола, Неготино, Гевгелија, Радовиш, Делчево, Виница и Валандово.
Починатите се на возраст од 32 до 87 години.
Новозаразени со коронавирусот се 1302 граѓани, од направените 4438 тестови. Позитивни биле 29% од тестираните.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 523, потоа следува Битола со 119 нови случаи и Куманово 87.
Во Прилеп има 55 нови потврдени случаи , Охрид 54, Тетово 51, Велес 47 и Гостивар 38.
