Угостителите ставија клуч на вратите согласно новиот пакет рестриктивни мерки кои ги донесе Владата за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во Дебар Маало и на Боемската улица празно. Речиси сите кафеани се затворени а во неколку објекти вработените и сопствениците ги собираа масите и столчињата.
Според одлуката на Владата, забраната за работа ќе биде на сила наредните две недели, но угостителите стравуваат дека ќе биде продолжена и ќе трае подолго бидејќи се наближуваат верски празници.
Според Јосифовски, овој пат повеќето угостители нема да бидат во можност да ги задржат своите вработени бидејќи немаат материјални средства и бидејќи Владината помош, петиот пакет мерки, е заглавен во процедурите.
Од комората се на став дека по завршувањето на мерките Владата ќе мора да изготви нов план и мерки за рестартирање на овој сектор, по преимер на соседна Грција, и финансиска инекција со која би се покриле доспеаните обврски и трошоци.
Со новиот пакет рестриктивни меркисе опфатени и обложувалниците и касината кои ќе работат само преку шалтер и во објектите не смее да има гости а целосно се затвараат салите и фитнес центрите.
Огнен Чанчаревиќ