Во тек е вакцинација во домовите за стари лица,а продлжува и имунизацијата во салата Борис Трајковски. Денеска се вакцинираат припадници на АРМ и наставници од прво до трето одделение. Министерот за здравство, Венко Филипче, не открива кога се очекува нова пратка вакцини, но уверува дека нема да има застој во имунизацијата.













