Во пораст бројот на инфицирани со Ковид-19 во југоисточниот регион. 1100 активни случаи на корона-вирус се регистрирани во моментов во Југоистокот. Од нив 412 се во Струмица, 381 Гевгелија, 135 во Радовиш, во Валандово 88, Богданци 69 и 15 во Радовиш.
Расте бројот и на починати лица. Од струмичката православна епархија велат дека последниве месеци е пораснат бројот на погреби. Како на општите погреби, така и на починати од Ковид-19.
Болничкиот капацитет во Гевгелија во моментов е максимално оптоварен, додека во Струмица бројката на хоспитализирани пациенти со корона-вирус не е критична. Епидемиолозите од овој регион апелираат да не се подценува ситуацијата, бидејќи пациентите доаѓаат со сериозна клиничка слика.
Сузана Мицева