Вести Македонија

Уапсени 9-мина во МВР кои издавале пасоши со украдени податоци на сомнителни странци во случајот „Мафија“ кој вчера го обелодени опозицијата

Откако од ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвинија власта за злоупотреби со давање на македонски пасоши на странци со криминално минато, во МВР денеска била реализиран акција поврзана со тие злоупотреби.

Според првичнит еподатоци уапсени се девет лица, а акцијата уште трае. Истрагата за сомневањта траела повеќе од една година, а после објавувањето на информацијата од опозцијата, таа истрага е убрзана за да не се случи осомничените да избегаат. Во истрагата учествувале и оперативци од повеќе држави.

Според првичните информации, преку управните служби на МВР се издавале пасоши на странци со други имиња и податоци (различни од нивните) за што осомничените наплатувале. Пасошите не се фалсификати туку биле изработени на вистински оригинални обрасци, но или со украден идентитет или со измислени имиња.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека власта на СДСМ снабдила повеќе регионални криминалци со вакви пасоши. Опозицијата го нарече случајот „Мафија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе