Ковид19 Најважни

Заев не чувствува одговорност за починатите, сака да шири позитивни вести

Пред два дена промовираше проект за затворен пазар, а денеска премиерот Зоран Заев ги кажа новите рестриктивни мерки. Настани не смее да се организираат, полицискиот час ќе трае наместо од 22 од 20 часот, а кафеаните и сите угостителски објекти ќе се затворат.

Ова ќе важи до 20 ти април, а причините меѓу другото се и доаѓањето на велигденските и рамазанскските празници.

Но премиерот не чувствува никаква одговорност за тоа што до сега не се превзема речиси ништо.

Тоа што беше на промотивен настан го објасни со колективната депресија. Вели за разлика од новинарите на ТВ Телма, тој сака луѓето да слушаат позитивни вести.

Пред една недела министерството за здравство испрати соопштение во кое напиша дека нема рестриктивни мерки оти вирусот е широко распорстранет, третиот бран на заразата е при крај и нема да има ефект.

Епидемиологот Жарко Караџовски сега објаснува дека разликата од пред една недела е што сега увиделе дека новиот британски сој многу побргу се шири и многу е непредвидлив.

И тој не чувствува одговорност што не ја предвиделе ситуацијата во која како што рече се наога земјава а таа е неповолна а може да биде катастрофална.

Битола Куманово Кичево и Тетово во моментов се со најголемо ширење на заразата. Болниците се преполни а медицинскиот кадар и изморен и недоволен.

Граѓаните пак се почесто спасот го бараат во приватните лаборатории и болници каде лекувањата се екстра скапи.

За министерот Венко Филипче е нејасно зошто луѓето одат на приватно кога како што вели системот можеби е со намален капацитет но сепак функционира. Од приватните болници Систина и Ремедика добил вкупно 7 доктори на помош, а од Жан Митрев имало многу позитивни или во самоизолација па не му позајмиле на државното здравство.

Инаку само во последната недела се починати 263-ца луѓе а хоспитализациите се зголемени за 26 проценти од претходната седмица.

Ако до пред 7 дена убедувањата беа дека нема простор за паника, а власта цврсто стоеше на ставот дека треба да има и попис, денешните изјави се спротивни.

Обвинија дека и народот не ги почитувал мерките кои важеле и до сега, се опуштил и освен поради големата заразливост и тоа е една од причините за ширење на ковид 19.

Сега освен кафеаните нема да работат ни рестораните во хотелите освен за нивните гости, обложувалниците само шалтерски, фитнес салите ке затворат, а оние луге кои имаат домашни миленици ке ги шетаат од 22 до 23 часот. Моловите и казината ке работат но без да служат храна.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

(живо) Стари возила горат во скопско Визбегово, нападнат снимател, повреден пожарникар- МВР го приведен сопственикот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе