Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија ѝ испративме 8.000 вакцини на Pfizer и 40.000 вакцини Спутник V, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на TV Prva.
Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе нѐ зближи во иднина“.
„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност.“
Таа најави дека во Србија пристигаат 106.470 вакцини Pfizer и 500.000 Sinopharm, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.
Mедиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила. Како што беше соопштено, одлучено е дека по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е PCR тест.Премиерката Ана Брнабиќ го демантираше ова, изјавувајќи дека ваквата вест ја изненадила.
„Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без PCR тест. За сите други на кои не им е потребен PCR тест, се државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија“, изјави Брнабиќ.
Таа најави дека од понеделник во Србија делумно се ублажуваат епидемиолошките мерки.
„Угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот. Малку ги олеснуваме мерките, не премногу“, реча таа, наведувајќи дека 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.
„Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни“, рече Брнабиќ.
Брнабиќ: Повеќе нема да вакцинираме граѓани од регионот
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.