Дали исходот од изборите во Бугарија би можел да влијае на европската иднина на Македонија?Аналитичарите велат-апсолутно-да. Во кој правец ќе биде тоа влијание е се` уште неизвесно. Изборниот резултат се насетува, во смисла на тоа кој ќе формира влада, но постизборните коалиции се неизвесни.
Македонската Влада не ја крие надежта дека можеби ќе има омекнување на Софија. Министерот Османи најави нов пристап и рационална дебата веќе од утре, за да се даде можност, на самитот на ЕУ во јуни да се постигне консензус по однос на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Премиерот отиде уште подалеку, најавувајќи дека, до решение може да се дојде со формулацијата „два различни народи со заедничка историја во одреден период„.Арсовски вели дека нивниот оптимизам не е неоснован и дека промени може да има и покрај веќе изградената национална стратегија во Бугарија, во однос на Македонија.
Во оваа година јуни и јули се последната можност за Македонија да ја добие меѓувладината конференција. Доколку тоа не се случи, Арсовски очекува разочараноста од ЕУ да ни донесе политичка декаденција дома.Тоа по правило значи поавторитарен метод на владеење и популистички наративи, што во основа нема да донесе ништо добро.
Далиборка Демјанска
